Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, Крсте Петревски е забележен како со своето службено возило марка Фолксваген Пасат вчера, на 24 мај, неработен ден ја преминал грчко македонската граница.
Фотографиите што ги добивме покажуваат како возило за кое се претпоставува дека е на ЈСП Скопје било паркирано на просторот пред фри – шопот на грчката граница, по што Петревски со истото возило влегол на македонска територија.
Инаку Петревски е дури третиот директор на ЈСП кој е поставен за време на мандатот на Данела Арсовска и истовремено е и секретар на политичката партија ГРОМ предводена од Стевчо Јакимовски.
Додека Петревски се развезува со службено возило, во ЈСП има постојано незадоволство поради доцнењето на платите, лошите меѓу човечки односи, а јавното претпријатие има и милионски долгови кон различни доверители.