Кузеска: Мицкоски молчи за ЕУ, а неговите коалициски партнери се за Русија

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

„Во период кога се потребни структурни реформи за да се заокружи европската иднина на државата, Христијан Мицкоски како по обичај стои на страна и продолжува со својата пракса на избегнување одговорност за носење одлуки.

Дали причина за тоа е што половина од неговите коалициски партнери се проруски ориентирани?

Димитар Апасиев и Левица отворено се залагаат за Русија и против ЕУ и НАТО.

Друг коалициски партнер на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Иван Стоиљковиќ вчера присуствуваше на Меѓународна безбедносна конференција во Москва, како единствен претставник од Македонија.

Присуството на Стоиљковиќ на конференцијата се случува во време кога целиот свет ја осудува и се бори против руската агресија врз Украина.

Дали Мицкоски се согласува со неговиот партнер Стоиљковиќ и неговите отворени анти НАТО ставови?

Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги поддржуваат санкциите против Русија или ја поддржуваат руската агресија?

Ова е момент на вистината за Христијан Мицкоски.

Наместо да измислува и пласира нови глупости, Мицкоски мора да излезе во јавноста и да одговори: Ќе се приклучи ли на европскиот блок или ќе продолжи во прорускиот, деструктивен и антиевропски блок заедно со неговите коалициски партнери Апасиев и Стоиљковиќ?

За ЕУ молчи а неговите коалициски партнери се за Русија. За што точно се залага Мицкоски?


Треба да знаете
Последни објави