Христијан Мицкоски да не бега и конечно да одговори дали ВМРО-ДПМНЕ ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица, во нивниот антиевропски, проруски деструктивен блок.
Во време кога структурните реформи во државата се од суштинска важност, Мицкоски да се откаже од својата вообичаена практика за бегање од одговорност, немање став и пласирање лажни вести.
Во клучен период за иднината на државата, не е време за бегање, туку е време за глас за Европа во македонското собрание.
Мицкоски да не бега, туку да каже што реши, ЕУ или Левица?