Шпанскиот фудбалски ветеран Серхио Рамос ја одбил првата понуда од Пари Сен Жермен за нов договор. иако најави дека има голема желба да продолжи да игра на високо ниво, сепак, тој не се сложил со значително намалените услови кои биле дел од понудата.
ПСЖ сака да ја преполови платата на дефанзивецот, а тоа не му се допаднало на Серхио Рамос.
Тој дојде на „Паркот на принцовите“ во јуни 2021 година, а првата година се соочуваше со големи проблеми со повредите. Сепак, оваа сезона забележа 43 настапи и постигна три гола во дресот на „светците“.