На 24.05.2023 во 14.10 часот на подрачје на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го лишиле од слобода Л.В.(18) од Скопје.
Тој се сомничи дека во 10.55 часот на крстосница од булеварите „Партизански одреди” и „Св.Климент Охридски”, управувајќи мотоцикл „сузуки” со скопски регистарски ознаки, не застанал на даден знак за запирање од страна на полициски службеници и удрил во патничко возило „дачиа”, сопственост на МВР, по што го напуштил местото.
Во незгодата со повреди се полициски службеник, по што бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски” за укажување лекарска помош.
Л.В. е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.