Трактор со приколка полна со матуранти се преврте во Хрватска

Во утринските часови се случи сообраќајна несреќа кај Лабин во Хрватска. Полицијата и итната помош се уште се на местото на настанот и пружаат помош. Дел од повредените се пренесени во Општата болница во Пула, пишува Индекс.

„Трактор со приколка во кој се превезувале матуранти излетал од патот“, соопшти полицијата.

Матурантите од гимназијата Мате Блажина од Лабин го прославувале последниот училишен ден. Полесно се повредени десетина матуранти.

Треба да знаете
Последни објави