Авион на „Азијана ерлајнс“ безбедно слета денес на аеродромот во јужнокорејскиот град Даегу, по инцидент кога вратата се отворила во воздух за време на летот, изјави портпаролот на компанијата, додавајќи дека девет лица се пренесени во болница.
Авионот слетал на аеродромот околу 12:40 часот по локално време, а полетал од островот Џеџу еден час порано, според податоците на летот, објави Ројтерс.
#INCIDENT | Asiana Airlines flight OZ8124 to Daegu, South Korea was involved in an incident when an emergency exit was apparently opened by a passenger prior to landing.
— AviationSource (@AvSourceNews) May 26, 2023
Video: Yonhap News Agency
Read more at AviationSource!https://t.co/dpkbRUuDDA#AsianaAirlines #Daegu… pic.twitter.com/w3acG9UR0X
Во инцидентот нема повредени, но некои патници се пренесени во болница бидејќи поради шокот имале проблеми со дишењето, додаде портпаролот на „Азијан ерлајнс“.
Портпаролот рече дека властите истражуваат како се случил инцидентот.
„Полицијата ги истражува околностите на инцидентот, откако патникот, кој седел покрај излезот за итни случаи, ја допрел рачката на вратата“, рече службеникот.