Алкалоид и вторпат го победи Вардар сезонава во ракометното првенство, овојпат на гостински терен (25:21) и ја обезбеди втората позиција што му донесе пласман во групите од Лига Европа. Македонскиот ракометен проект Алкалоид, предводен од селекторот Кирил Лазаров и воглавно со македонски репрезентативци, во својата дебитантска сезона во ракометната елита дојде до огромен успех со пласманот на второто место.
Алкалоид за само една година успеа да влезе во елитното македонско ракометно друштво, а потоа и да си го трасира патот до европските купови.
Најефикасен играч на натпреварот беше Мартин Серафимов со шест постигнати гола.