Коњановски: Маката на граѓаните е секаде иста, изборите се референдумски, граѓаните да кажат НЕ на корумпираната влада на СДС и ДУИ

Заедно да си ја споделиме маката која сите ја носиме посебно во делот на распродавањето на националните интереси на оваа наша заедничка држава. Но и да се запознаеме со проблемите кои што ги имаат посебно во овој дел на плодна Пелагонија во делот на субвенциите кои ги имаат, или споредбата како било, како е денес, изјави градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски на средба со граѓаните во акцијата Ова е Македонија за сите во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Коњановски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ има кадар и потенцијал да ја подобри ситуацијата во руинираното здравство и иселувањето на младите од државата.

Здравството ни е  руинирано до бескрај, да спомнеме за потребата на вработување на младиот кадар кој се повеќе ја напушта оваа држава. Да дадеме надеж дека заедно можеме да ја подобриме ситуацијата, ВМРО-ДПМНЕ има кадар, има потенцијал, нагласи тој.

Градоначалникот Коњановски посочи дека на следните избори сите граѓани мора референдумски да излезат и да дадат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ се со цел како што рече тој да се стави крај и да се каже не за оваа корумпирана и ненародна влада на СДС која што не само што не ги штити националните интереси, туку и го разнебитува и она кое што остана малку од неа.

За краток период не чекаат напорни месеци, на почетокот на наредната година на изборите, сите референдумски да кажеме не за ова корумпирана, ненародна власт која што не само што не ги штити националните интереси на државата, туку го разнебитува и она кое што остана малку од неа, рече Коњановски.

Коњановски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е силата која ги штити националните интереси на државата..

Да бидеме сплотени и да бидеме заедно сите, и да бидете сигурни дека ВМРО-ДПМНЕ е силата која секогаш и низ историјата, меѓутоа и во иднина ќе ги штити националните интереси, дециден е тој.

Треба да знаете
Последни објави