ВМРО-ДПМНЕ: 19 тима ќе посетат 83 населени места овој викенд, продолжува акцијата „Ова е Македонија за сите“, се допира до секој човек 

19 тима ќе посетат 83 населени места овој викенд, продолжува акцијата Ова е Македонија за сите, се допира до секој човек.

Илјадници наши сограѓани и овој викенд ќе бидат посетени од тимови на ВМРО-ДПМНЕ, ќе можат да ги кажат своите проблеми, да понудат решенија и да се приклучат во борбата против оваа ненародна власт.

Проблемите со кои се соочуваат граѓаните се лошата економија, која ги принудува луѓето да се иселуваат, партизацијата и неможноста да се дојде до работно место или да се заврши административна работа без врски со власта.

Здравството е руинирано низ цела држава, образованието е заборавено, владата нема грижа за ништо. Нивите се празнат, се помалку луѓе остануваат да работат земјоделие.

Проблемите на народот секаде се исти и во струмичко и во тетовско, и во струшко и во штипско и во скопско и во гевгелиско.

Народот бара решенија, а тие можат да се случат само со промени. Промените се неминовни. По промена на власта ВМРО-ДПМНЕ ќе ја стави Македонија на брза трака за развој.

Треба да знаете
Последни објави