Неприкосновениот владател на гермнаската фудбалска сцена Баерн Минхен ја слави 11-та во низа шампионска титула, откако главниот конкурент Борусија Дортмунд на својх терен ја прокоцка пол-позиција со реми против Мајнц (2:2). На Баерн му се насмевна среќата, победи како гостин против Келн (1:2) по што почна шампионската прослава на теренот, а продолжи во соблекувалната.
Радоста неможеше да ја скрие и Хасан Салихамиџиќ, по победничкиот гол на Мусиала во 89. минута. Но, славјето на Салихамиџиќ кратко траеше.Како што тврди „Билд“, веднаш во соблекувалната каде се славело било обелоденето пред играчите дека Салихамиџиќ добива отказ на позицијата спортски директор.
Заедно со Салихамиџиќ сменет е и Оливер Кан кој не беше денеска ниту на трибините во Келн, наводно затоа што веќе од претходно дознал дека на него повеќе нема да се смета во иднина и дека ќе мора да го напушти клубот.
Нов директор на Баерн Минхен ќе биде Кристијан Дрис, а во Минхен набрзо ќе има состанок на кој ќе бидат потврдени официјално големите промени.