Секаде истите проблеми, но она што е добро што ВМРО-ДПМНЕ заедно со своите градоначалници работи активно на терен. Тука во Герман реконструирано е основното училиште. Завршен е проектот и ќе започне наскоро реконструкција на амбулантата а се изготвуваат сериозни проекти како ова место би можело да живее како туристичка атракција, рече пратеникот Бране Петрушевски на средба со жителите во село Герман општина Ранковце во акцијата „Ова е Македонија за сите”.
Петрушевски истакна дека разочараноста на граѓаните во централната влада предводена од ДУИ а поддржана од СДС е голема, како и дека се чувствува нетрпението на граѓаните за казнување на оваа ненародна влада.
Меѓутоа огромна е разочараноста од централната власт и огромни се проблемите кои што овие луѓе ги имаат. Меѓутоа она што се чувствува е нестрпливоста да се казни оваа однародена власт предводена од ДУИ на чело со ДУИ и СДС, вели Петрушевски.
Петрушевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги посети сите населени места се со цел да слушне и позитивни и негативни критики, додавајќи дека само во коалиција со народот ќе успеат Македонија да ја вратат на патот на економски просперитет.
Нема населено место кое што ВМРО-ДПМНЕ нема да го посети и нема граѓанин со кој што ВМРО-ДПМНЕ нема да поразговара и за позитивни и за негативни критики кои што истите ги имаат спрема владеењето и на локалната и на централната власт. Затоа што сме убедени дека само заедно и во коалиција со народот можеме Република Македонија да ја исправиме на патот на економски просперитет.