Родители и тренер на ФК Шкендија физички нападнале судија на турнирот од детската фудбалска лига кој се играл на терените од СЦ „Петар Милошевски“ покрај ФФМ. Пред очите на најмладите љубители на фудбалот кои ги прават првите чекори во најважната споредна рабита, судијата Горан Милошевски бил претепан, по што е префрлен во болница за да му се укаже лекарска помош !
Срамниот голем инцидент ги вџашил сите кои биле да ги гледаат своите деца. Очевидците неможат да поверуваат дека вакво дивјачко однесување на родителите и педагогот, се случило на натпревари од детските лиги.