СДСМ: Наместо да бега од одговор, Мицкоски да каже што одлучи, ЕУ блок или Левица

Христијан Мицкоски продолжува со својата пракса да нема став за секое прашање што е од национална важност. 

Со недели Мицкоски не дава одговор и не им кажува на граѓаните што одлучи, дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане изолиран со Димитар Апасиев во антиевропскиот блок. 

Наместо тоа Мицкоски како по обичај реши да пласира нови лаги, нови небулози со кои се обидува да ја лаже македонската јавност. 

Лагите што тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ ги шират одново ќе бидат демантирани пред јавноста и ќе пропаднат како и сите претходни,

Мицкоски треба да знае дека блокада на европскиот пат освен што значи загрозување на иднината на земјата, на меѓународните позиии на државата, негативно ќе влијае и на односите со САД. 

Но на крајот, сите негови деструктивни обиди повторно ќе бидат поразени. 

Треба да знаете
Последни објави