Ракометниот репрезентативец Филип Талески го одигра последниот натпревар за повеќекратниот македонски и двократен европски првак Вардар. Разделбата со „црвено-црниот“ дрес му беше неславена, бидејќи се прости со пораз од дебитантот Алкалоид и тоа вторпат сезонава, кој ги потисна на крајот на третото место. Талевски (27 г.) во новата сезона ќе се пресели во тимот на португалската Бенфика.
Филип Талески со Бенфика според неофицијални информации ќе потпише двегодишен догвор. Претходно покрај за Вардар, тој во Македонија играше и за Металург, а во првиот интернационален излет во Германија настапуваше за Рајн Некар Левен и Балинген.