Како и многупати досега Фудбалската федерација на Македонија редовнопто годишно Собрание го одработи експресно. За нецел час, без ниту еден грлас против и воздржан делегатите ги минаа сите точки од денвниот ред на кој беа финансискиот и ревизорски извештај за ланската 2022 година, како и буџетот за оваа година иако тој на големо се користи, бидејќи поминати се пет месеци од истата. Раководството на ФФМ не пропушти да се пофали дека работело домаќински и има заштеда на своето конто од 4,3 милиони евра (267.988.000 денари) од буџетот од 19 милиони евра (1.219.952.000 денари) колку што имале на располагање во ланската 2022 година.
ФФМ остварила приход од 1,2 милијарди денари или 19 милиони евра, што е зголемување за 3,66 проценти во однос на годината претходно. Зголемени биле приходите по основ на сопствени извори, ТВ-права и реклама, а сето тоа укажува на зголемен интерес за фудбалот поради подигнатиот квалитет. Задржан е и курсот за инвестиции во инфраструктурата, продолжена е традицијата за изградба и реконструкција и потрошени се 117 милиони денари. А, патем се намалени непродуктивните трошоци, со што е остварен вишок од 267,9 милиони денари.
На денешното Собрание присутни беа 60 делегати од вкупно 62. Собранието денеска верификуваше нови мандати на тројца: Мујадин Исмаили, Јовица Илиевски и Дритон Муслиу, кои ќе бидат дел од највисокиот раководен орган на мак-фудбалот до 2025 година.