Во првите четири месеци од 2023 година, Република Турција ја посетиле 11.093.247 туристи, јавува Анадолија.
Министерството за култура и туризам на Турција соопшти дека бројот на посети на странски државјани на оваа земја во првите четири месеци од 2023 година е зголемен за 27,51 отсто во однос на истиот период лани и изнесува 9.533.933.
Според бројот на туристи кои престојувале во Турција во првите четири месеци, на прво место е Руската Федерација, а бројот на туристи од оваа земја во однос на минатата година е зголемен за 134,96 отсто, и надминува еден милион.
На второ место по бројот на туристи е Германија, од каде во првите четири месеци во Турција дошле нешто повеќе од милион луѓе или 18,74 повеќе од истиот период лани. На трето место е Бугарија, а потоа следат Иран и Велика Британија.
Кога станува збор за месец април 2023 година и пристигнувањето на странски државјани во Турција, вкупниот број на пристигнати е 3.321.824, што е за 29,03 отсто повеќе во однос на истиот месец лани.