Виктор Осимен постигна два гола, но Наполи одигра само 2:2 на гости кај Болоња, додека Лече со гол од пенал во 101. минута стигнаа до 0:1 победа на гости кај Монца за да го осигураат опстанокот во лигата.
Во Монца, домаќините имаа шанса да дојдат до доцно водство и да ја продолжат неизвесноста на нече, но Кристијан Гиткјер во 84. минута утна пенал. Тоа не беше крајот на драмата, откако и Лече доби пенал во судиското надополнување, а нивниот млад напаѓаа. Лоренцо Коломбо остана смирен и го реализираше за опстанок.
Со победата, Лече дојде на 36 поени на 16. место, пет пред Специја и Верона пред последното коло. Откако Верона во 96. минута прими гол за 1:1 реми со Емполи последниот патник во Серија Б ќе се „бира“ меѓу двата тима – во последното коло, Верона гостува на Милан, Специја гостува на Рома, додека Лече дома ја пречекува Болоња.
Нигерискиот напаѓач го постигна својот 29. и 30. гол оваа сезона, стрелајќи во 14. и 54. минута од мечот за 0:2 водство, пред Луис Фергусон во 63. минута да намали на 1:2. Лоренцо де Силвестри во 84. минута израмни на 2:2 во меч кој немаше резултатски императив.