Актуелниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган е во водство, покажуваат првичните прелиминарни резултати од денешниот втор круг од претседателските избори во Турција.
По пребројани 89,8 отсто од гласовите, Ердоган има 52,72 отсто, додека неговиот ривал Кемал Киличдароглу 47,28 отсто, покажуваат резултатите што ги објави турската новинска агенција „Анадолија“.
И во првиот изборен круг, според првичните резултати, Ердоган имаше големо водство, но тоа се намали во текот на вечерта.
Од друга страна, агенцијата „Анке“ јавува дека опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу е во водство со 50,95 отсто од гласовите, додека Ердоган има 49,05 отсто од гласовите врз основа на 67,27 отсто од преброените ливчиња.
Според досегашните податоци, излезноста била 84,74 отсто, а гласале најмалку 24,1 милион граѓани.
Избирачките места се затворени во 17 часот по локално време.