Трипуновски: Се случи хаварија на системот за наводнување, над 4500 хектари земјоделско земјиште од Росоман и Градско, останаа без вода за наводнување

Фејсбук објава на Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ

„Денеска бев на лице место на цевководот Макарија каде што во текот на вчерашниот ден се случи хаварија на системот за наводнување, односно над 4500 хектари земјоделско земјиште од општините Росоман и Градско остана без вода за наводнување.

Она што постојано апелираме, дека власта изминативе години не води грижа за системите за наводнување и го доведоа до пропаст АД Водостопанство резултира со крах на системите за наводнување. Оваа хаварија е резултат на заспаноста и негрижата на министерот Николовски и целата Влада.

Ги повикувам Владата и МЗШВ да ги ангажираат сите расположливи ресурси и уште денес да се започне со санација на оваа хаварија бидејќи земјоделците ќе останат без вода, односно ќе претрпат сериозни штети и загуби и со тоа се доведува во прашање нивната егзистенција.“

Треба да знаете
Последни објави