Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај синоќа му честиташе на Реџеп Таип Ердоган, кој беше реизбран за претседател на Турција, функција на која се наоѓа од 2014 година.
– Срдечни честитки Реџеп Тајип Ердоган за вашиот реизбор! Партнерството и братското пријателство меѓу Албанија и Турција ќе продолжи и ќе расте понатаму, напиша Бегај на социјалните мрежи.
Претходно победата на Ердоган му ја честиташе и премиерот Еди Рама.
– Честитки за победата господине претседателе, напиша Рама на Фејсбук.
Честитки до претседателот Ердоган упатија и лидери на политички партии