МВР во координација со Амбасадата на САД спроведе тактичка вежба „Лебед 2023”, што претставува уште една потврда како за меѓусебното пријателство и партнерство, така и за придонесот на Република Северна Македонија во најмоќната политичко-безбедносна НАТО Алијанса.
Силно ја цениме поддршката која нашиот главен стратешки партнер Соединетите Американски Држави ни ја даваат преку Амбасадата на САД во сите процеси кои значат безбедна и напредна држава, особено во евроинтегративните процеси.
Со ова партнерство, со храбрите државнички одлуки со кои го заштитивме националниот идентитет и со функционалните политики на дијалог и разбирање, денеска Република Северна Македонија е фактор на стабилност и на безбедност во регионот и Европа.
Пријателството со САД претставува гаранција за стабилноста на нашата држава, но и на регионот.
Дотолку повеќе што рефлектира и на засилената економска соработка и големиот интерес за инвестирање во земјава.
Благодарност до амбасадорката на САД, Н.Е. Анџела Агелер, за континуираната поддршка во меѓусебната соработка, за која уверувам дека продолжува со ист интезитет напиша Спасовски.