Најдобриот фудбалер на денешницата, Аргентинецот Лионел Меси кој на последниот мундијал и ги предовдеше „гаучоасите“ до титулата светски првак, а тој го крена признанието за МВП на завршниот турнир во Катар, е пред сензационален трансфер во Саудиска Арабија. Со многу пари Меси ќе биде преселен во фудбалското првенство на Саудиска Арабија кој посакува да направи квалитетна лига. Последната понуда што е испратена до менаџерскиот тим на Меси изнесува неверојатни 1,2 милијарди евра за две сезони !?
Според франциски „Футомеркато“, екипата на Ал Хилал буквално нема да жали пари за да го ангажираат Аргентинецот, чиј татко Хорхе, кој работи како негов менаџер, веќе им пружил рака и ја прифатил понудата за договор. Меси летово сигурно ќе си замине од ПСЖ, а во игра е и враќање во Барселона, која, сепак, ниту од далеку нема пари да ги задоволи неговите барања.
Најавите се дека се чека официјалниот крај на сезоната, по што ќе биде официјализиртана преселбата на аргентинскиот магионичар во С. Арабија, каде што повторно ќе ги одмерува силите со најголемиот ривал, Кристијан Роналдо, кој игра за Ал Наср.