САД ги забраниле средбите и посетите на претставниците на Приштина во Америка, пренесува РТС.
Американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховениер, претходно изјави дека САД имаат две барања од Владата на Косово – да не инсистира градоначалниците да работат од општинските згради и полицајците да се повлечат од три општински згради на север.
„Морам да кажам дека во моментов САД немаат голем ентузијазам да реагираат на некои интереси на Косово, како што се ангажирање со непризнаени земји или активно да работат на подобрување на Косово на евроатлантскиот пат. Многу ни е жал што ситуацијата дојде до ова, но морам да бидам искрен, таква е ситуацијата. Се надеваме дека премиерот Курти ќе ги послуша нашите совети и ќе преземе итни чекори за намалување на тензиите на северот“, рече Ховениер.