Васер: Ферари му се извини на Леклер, без казната ГН на Монако можеше да заврши поинаку

 Извршниот директор на Ферари, Фредерик Васер, призна дека тимот му ја уништил на Шарл Леклер трката за ГН на Монако.

Леклер се квалификуваше како трет, но беше казнет со губење на три позиции на стартот поради блокирањето на возачот на Мекларен, Ландо Норис. Во изјавата на стјуардите се нагласува дека инженерите на Скудерија доцна го предупредиле Леклер.

-Тој е разочаран од настапот во Монако веќе неколку години и секако имаше тежок момент во саботата. Можам само да се извинам во име на тимот. Треба да ја подобриме комуникацијата помеѓу боксот пилотот во такви услови. Мислам дека тоа се околностите – се се случи во тунелот и така натаму. Но, во ред, да се потрудиме да не бараме изговори, бидејќи ова е најлошиот начин да напредуваме. Треба само да ги исправиме грешките. Мислам дека трката можеше да заврши сосема поинаку ако Леклер стартуваше од третото место, изјави Васер за „Motorsport.com“.

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи на трката за Големата награда на Монако. Втор заврши Шпанецот Фернандо Алонсо (Астон Мартин), трет Французинот Естебан Окон (Алпин).

Треба да знаете
Последни објави