Пред една недела градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски склучил договор за времени вработувања во вредност од 16,5 милиони евра или речиси 250.000 евра.
Според Договорот што го потпишал Ѓорѓиевски со приватната агенција за вработување 16,5 милиони денари ќе се потрошат за привремени вработувања за потребите на општината, а времетраењето на услугата е 12 месеци.
Претходно, во последните два месеца, договори со приватни агенции за вработувања за слични суми склучија и општините Гази Баба и Бутел, со што само овие три општини за една година ќе потрошат безмалку еден милион евра на времени вработувања.