Баерн минатото лето не ја донесе вистинската замена за Роберт Левандовски, во претстојниот преоден рок мора да ја исправи таа грешка. И нема право на кикс по разочарувачката сезона која, сепак имаше среќен крај со освојување на првенството.
Кој е играчот кој би можел да ги исполни критериумите на гигантот? Легендарниот Лотар Матеус им нуди решение на Баварците:
-Мислам дека Баерн донесе играчи кои не одговараа на начинот на игра. Каков играч му треба на Баерн? Според мене Душан Влаховиќ е најдобар кандидат за таа позиција, изјави Матеус.
Јуве наводно е подготвен да го продаде Влаховиќ поради големи финансиски проблеми и трансферот би можел да се реализира за цифра од 70 милиони евра.
Пред неколку дена Баерн им даде отказ на Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ, извршен и спортски директор.
„Најголемата грешка на Кан е што не ги убеди сите во клубот во своите идеи. Да успееше, сите ќе застанеа зад него и ќе го поддржаа. Салихамиџиќ направи кардинална грешка пред две години кога не го задржа тренерот Ханси Флик. Немаа исто мислење за некои играчи и затоа се разделија“, истакна Матеус.