ОН го обвинуваат Израел за регрутирање палестински деца-војници

Нацрт-извештајот на ОН за децата и вооружените конфликти за 2023 година го обвинува Израел дека регрутирал три малолетни Палестинци како жив штит и како борци, пренесува „Џерусалем пост“.

Конечниот извептај се очекува кон крајот на јуни или почетокот на јули.

„Овие тврдења не се поткрепени со никакви докази што израелските власти би можеле да ги испитаат. Според нашите сознанија, недостигот од докази се должи на фактот што такви случаи немало во 2022 година и дека тврдењата се лажни. Израел очекува овие неосновани тврдења да бидат отстранети од конечниот извештај“, напиша Израелската амбасада, отфрлајќи ги тврдењата на ОН.

Израел работи на тоа да не биде на црната листа во претстојниот извештај.

Израелскиот амбасадор во ОН, Гилад Ердан, и координаторот на владините активности на териториите, генерал-мајор Гасан Алијан минатата недела се сретнаа со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за да ги достават резултатите од израелското испитување на наводите на ОН.

Израел побара неговите коментари да се одразат во конечната верзија на извештајот.

Друго тврдење на ОН за кое Израел рече дека е неосновано вели дека малолетен Палестинец бил киднапиран од доселеници. Извештајот на ОН нуди малку детали за инцидентот, а ИДФ и израелската полиција немаат евидентирано таков случај.

„Сметаме дека случај со такви екстремни и невообичаени наводи заслужува сериозна и темелна проверка пред да биде вклучен во извештајот, па затоа владата на Израел очекува споменувањето на овој непотврден инцидент да биде отстрането“, напишаа од амбасадата.

Нацрт-извештајот на ОН го обвинува Израел и за убиство и ранување малолетни Палестинци, но не го објаснува контекстот во кој се случиле овие наводни активности – тинејџери убиени при извршување терористички напади – ниту пак споменува како Палестинците придонесуваат за насилството, како што се терористичките групи кои користат деца како жив штит или напаѓаат од цивилните области.

„За жал, нацрт-извештајот не ги одразува напорите направени од Израел да обезбеди заштита на децата во контекст на конфликтот“, напиша амбасадата.

Бројот на палестински деца за кои ОН тврдат дека Израел ги убил се намали од 86 во 2021 година на 32 во 2022 година.

Деведесет отсто (29 од 32) од малолетниците убиени од израелските сили на Западниот Брег биле вклучени во терористички напади или насилни судири со израелските безбедносни сили, тврди Израел, кој поседеува детали за инцидентите, како известувања од терористички групи Хамас, кои тврдат дека убиените тинејџерите биле нивни припадници.

Треба да знаете
Последни објави