Цедевита Олимпија го победи Партизан и изедначи на 1-1 во полуфиналето на плејофот во АБА лигата, па мајсторка на 6-ти јуни во Белград ќе решава кој ќе биде ривалот на Црвена ѕвезда во финалето.
После победата на Црно-белите од 85-70 на првиот меч, вечерва во Љубљана, домашните триумфираа прилично лесно со 95-83 (29:26, 22:15, 22:19, 22:23)..
Јоги Ферел беше најдобар кај победниците со 21 поен, 8 скока и седум асистенции, а кај Партизан, Кевин Пантер уфрли 24 поени. Повторно Партизан потфрли во скокот и беше убедливо натскокан. Цедевита Олимпија имаше 16 скока повеќе.