Освен со своите блескави игри, Новак Ѓоковиќ се најде во центарот на вниманието и со пораката која ја испрати по победата во првото коло на Ролан Гарос. Српскиот тенисер напиша „Косово е срцето на Србија. Стоп за насилството!“ и ги разбранува страстите.
По оваа порака, популарниот Ноле објасни зошто го направил тоа и дека без двоумење повторно би испратил таква порака.
За брзо време со реакција се јавија и организаторите, кои најавија дека Ѓоковиќ нема да биде казнет поради својот став околу Косово.
-Повремено во доменот на турнирот влегуваат дискусии за меѓународни вести, што е разбирливо. За ова редовно разговараме на Грен слем комитетот, каде се претставени четири Грен слем турнири. Истите правила важат за сите четири Грен слемови. Судијата на турнирот и гранслем-супервизорите се грижат да се почитуваат овие правила. Пораките се препраќаат до тимовите на сите играчи на кои се однесуваат таквите работи – изјавија организаторите на Ролан Гарос.
Едноставно, не постои официјално гренслем-правило за тоа што играчите смеат или не смеат да го кажат. ФТФ нема да даде никаква изјава или да заземе став по ова прашање. Се чини дека главната порака што сакаше да ја пренесе Ѓоковиќ беше дека е против насилството на Косово, заклучува Француската тениска федерација која нема да преземе никакви санкции“, стои во соопштението пренесено од Ројтерс.