Со Весела Чернева, како советничка на бугарскиот премиер Кирил Петков, ги водевме најтешките преговори – вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во изјава за „360 степени“, прашан да ги коментира наводите на бугарската служба за безбедност дека „шпиунирала“ во корист на Македонија.
Весела Чернева, бугарска пратеничка и советничка на екс-бугарскиот премиер Кирил Петков е под истрага дека ѝ оддала тајни информации на Македонија во преговорите меѓу Скопје и Софија. Истовремено, бугарското обвинителство отвори истрага и против Петков и Асен Василев, потпретседател на партијата на Петков, под сомнение дека не ги заштитиле бугарските национални интереси.
Чернева е обвинета дека го „координирала ставот на бугарското Министерство за надворешни работи со македонски државјанин во текот на преговарачкиот процес на македонски државјанин во текот на преговарачкиот процес на Република Северна Македонија со Европската Унија“.
Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи пак, за порталот 360 степени изјави дека во тој период при разговорите со Чернева бил направен најмал исчекор.
– Со Весела Чернева, како советничка на бугарскиот премиер Кирил Петков, ги водевме најтешките преговори – вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во изјава за 360 степени.
Се шпекулира дека хајката против Чернева е со цел да се делегитимира партијата „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков и нејзиното учество во можната нова влада која треба да има ротациски премиер.