Двајцата Срби уапсени на протестите во Звечан добија 30-дневен притвор

Основниот суд во Приштина им одреди 30 дена притвор на двајца Срби, Радош Петровиќ и Душан Обреновиќ, кои беа уапсени во понеделникот во Звечан, дознава Косово онлајн. Петровиќ и Обреновиќ, кои КФОР пред два дена и ги предаде на косовската полиција, утринава се префрлени од полицискиот притвор во Косовска Митровица во судскиот притвор во Приштина, изјави денеска поранешниот градоначалник на Звечан, Драгиша Миловиќ.

Треба да знаете
Последни објави