ОАЕ се повлекле од коалицијата предводена од САД на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати соопшти денеска дека ОАЕ се повлекле од поморската безбедносна коалиција предводена од САД на Блискиот Исток пред два месеци, објави новинската агенција на Емиратите (WAM).

„Како резултат на нашата тековна проценка на ефективната безбедносна соработка со сите партнери, ОАЕ пред два месеца го повлече своето учество во Комбинираните поморски сили“, се додава во соопштението.

Во соопштението се додава дека ОАЕ го отфрлаат „погрешното карактеризирање во неодамнешните извештаи во печатот“.

Комбинираните поморски сили се работна група од претставници на 34 нации која работи на безбедноста, борбата против тероризмот и борбата против пиратството во областите на Црвеното Море и на Заливот, низ кои поминуваат некои од најважните светски бродски рути.

Седиштето на силите е во Бахреин, заедно со Петтата флота и Централната команда на американската морнарица.

Во соопштението објавено денеска, Миностерството за надворешни работи истакна дека ОАЕ се посветени на мирниот дијалог и на дипломатскиот ангажман како средства за унапредување на регионалната безбедност и стабилност и на одговорното обезбедување сигурност на пловидбата во нивните мориња во согласност со меѓународното право.

Американската морнарица не одговори на барањето за коментар.

Треба да знаете
Последни објави