Седумдесетгодишна гостиварка е прегазена од автомобил на улицата Беличица во Гостивар.
„Патничко моторно возило „сеат“, со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал 66-годишниот А. Ш., удрило во 70-годишната гостиварка Л. И. (пешак)“, велат од СВР Тетово.
Во несреќата жената добила тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа Болница „Ферид Мурад“.
Извршен бил увид.