Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борел вечерва изјави дека во разговорите со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателката на Косово, Вјоса Османи, биле поставени три барања – нови избори на северот од Косово и обезбедување учество на Србите во нив, како и започнување со работа на формирање на Заедницата на српски општини, наведувајќи дека во спротивно ќе има сериозни последици за односите со Унијата.
-Седев со Вучиќ, разговарав со Османи, за опасната ситуација на Косово заедно со Емануел Макрон и Олаф Шолц, напиша Борел на Твитер.
Наведе и дека биле изнесени три јасни барања.
-Нови локални избори, обезбедување учество на косовските Срби на нив и започнување со работа за формирање Заедница на општини со српско мнозинство во дијалог со поддршка на ЕУ. Ако не го направите тоа, ќе има сериозни последици за нашите односи, рече Борел.