Неколку десетици Албанци, претежно млади и тинејџери, се собраа во близина на мостот во јужниот дел на Митровица, одговарајќи на повиците од социјалните мрежи да „маршираат кон север“.
Протестот мина мирно, но полицијата го зголеми присуството на мостот што води кон северниот дел на Митровица. Забележливо беше и зголеменото присуство на карабинери.
Полицијата не дозволи насобраните да се движат кон север.