Рома синоќа беше поразена во финалето на Лига Европа од Севилја, а тренерот Жозе Мурињо, но и симпатизерите на италијанскиот тим, беа згрозени од арбитражата на Ентони Тејлор.
Му замеруваа за два недосудени пенали, а најголемите непријатности во судиската кариера се чини дека англискиот судија ги доживеа пред да си замине дома.
Тејлор на аеродромот во Будимпешта го пречекаа стотина навивачи на Рома, кои го нападнаа, иако беше со сопругата и ќерката. Во еден момент сите се собраа околу него и сакаа да го тепаат. За негова среќа, брзо реагираше полицијата.