Петнаесетгодишен германски фудбалер почина по тепачка со играч на француски Мец на младински турнир во Франкфурт

Петнаесетгодишен младински фудбалер на тимот на ЈФЦ Берлин почина во болница по напад од еден член на академијата на францускиот ФЦ Мец на турнир во Франкфурт, објавија германските медиуми.

Според „АФП“, германскиот тинејџер добил повреди на главата и мозокот по тепачката која се случила по крајот на мечот против младинскиот тим на францускиот прволигаш. Тој бил удрен во главата или вратот, пред да колабира и да биде привремено вратен во живот. За нападот е виновен 16-годишен француски фудбалер, кој е уапсен и е во притвор.

„По тепачка во неделата, 15-годишно момче почина во болница со сериозни повреди на мозокот. За да се разјаснат сите детали за инцидентот, во следните неколку дена ќе биде извршена аутопсија“, објавија од полицијата во Франкфурт.

Францускиот клуб објави дека е „во длабок шок“ од трагедијата, но посочија дека осомничениот напаѓач немал намера да нанесе сереиозни повреди.

Треба да знаете
Последни објави