Безбедноста на Украина мора да биде гарантирана по завршувањето на војната, но сојузниците во НАТО се уште работат на деталите како да го направат тоа, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Треба да бидеме сигурни дека кога војната ќе заврши, имаме подготвена рамка за да се осигураме дека нема пауза во руските акции против Украина“, рече Столтенберг по неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Осло.
„Мораме да го запреме магичниот круг на агресија против Украина. Деталите за тоа како може да се направи тоа допрва треба да се прецизираат“, рече генералниот секретар на НАТО.
Столтенберг, исто така, го осуди неуспешниот обид за лансирање ракета на Северна Кореја. Тој ја повика земјата „да ги запре тие провокативни акции“.