Ковачевски и Груби од денес ги одмрзнуваат цените, народот со 1/3 послаби плати од пред 2 години плаќа астрономски цени за намирници.
Власта не се справи со кризата, наместо реални мерки, владата прибегна кон полурешенија, кои ги презема по силен притисок од ВМРО-ДПМНЕ и јавноста, за сега и тие такви мерки да ги укинува.
И додека сопругата на Ковачевски добива државно земјиште за градење на фотоволтаична централа по цена од 1 евро за квадрат, народот ќе плаќа поскап леб, тестенини, млеко, месни производи, овошје и зеленчук.
Ковачевски и Груби удираат по народот, за преку него да ги полнат дупките во буџетот кои тие ги направија со штетни договори со кои се испумпуваат милиони.
Апелираме власта да не ги одмрзнува цените, т.е. да го продолжи рокот на замрзнати цени. Народот не треба да ги плаќа грешките и криминалите на власта.