Трофејниот фудбалски стратег, Португалецот Жозе Мурињо одговори на прашање за неговата иднина на клупата кај италијанскиот калчолигаш Рома. Мурињо се огласи по финалето на Лига Европа, во кое синоќа „римската волчица“ на пенали беше поразена од шпанската Севилја (1:1 – 1:4 на пенали).
-Да, сигурно ќе останам до понеделник, рече Португалецот.
Рома на 4 јуни ќе игра против Специја во последното коло од сезоната во Серија А.