„Човек пајак: Ширум пајак вселената“, конечно, пристигнува во кината.
Ова е второто продолжение на наградуваниот хит „Човек пајак: Нов свет“, кој на големото платно донесе нов пристап на најпопуларниот суперхерој и младиот Мајлс Моралес како нов човек пајак.
Според досега виденото, новото продолжение ветува уште понапната приказна, уште поголеми улоги и уште поспектакуларни анимациски подвизи.
Финалниот трејлер го прикажува Мајлс Моралес во богатиот спајдер-свет преполн со интригантни верзии на овој суперхерој во неколку прекрасни стилови на анимација.
Кога хероите ќе се судрат за тоа како да се справат со нова закана, Мајлс се наоѓа наспроти другите спајдермени и мора повторно да научи што значи да се биде херој за да може да ги спаси оние што најмногу ги сака…
Критичарите, кои го гледаа филмот во затворени претпремиери, имаат само пофални зборови. Некои ја фалат маестралната анимација, каде што секој кадар е достоен за музеј, други ги фалат емотивната длабочина и приказната за растењето на Мајлс и Гвен, а други најавуваат дека продолжението го надминало квалитетот на првиот филм.
Патувањето низ спајдерверзумот ветува голема суперхеројска авантура, а од 1 јуни ќе пристигне и во оригинална и во синхронизирана верзија.