Иван Перишиќ (34) не е задоволен од својот статус во Тотенхем, но и воопшто од состојбата во која се наоѓа клубот. незадоволен е што Тотенхем нема да игра во европските купови, поради што сака да го напушти Лондон. „Калчомеркато“, обајави дека оваа своја одлука искусниот фудбалер им ја соопштил на клупските челници.
Хрватскиот репрезентативец оваа сезона за Тотенхем одигра 44 натпревари во сите натпреварувања, постигна еден гол и забележа 12 асистенции.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Перишиќ сака да се врати во Интер и дека не го интересира ниту еден друг клуб. Жали што си замина од Милан бидејќи Интер сега игра финале во Лигата на шампионите.
Пласманот во финалето на Лигата на шампионите е мала финансиска инјекција за италијанскиот гигант, но ситуацијата се уште е далеку од идеална. „Калчомеркато“, пишува дека Интер нема да понуди нов договор на ниту еден од играчите кои имаат 30 или повеќе години и влегуваат во последната година од договорот.
Поради тоа речиси е невозможно клупските челници да одобрат средства за да го вратат Перишиќ.