Чурлинов е хоспитализиран во клина во Белград, имал сепса предизвикатана од расипан заб или анестезија после орална интервенција. Најлошото поминало.
„Моите желби се брзо да се опорави Бојан Миовски и Дарко Чурлинов. Знаете за Миовски се повреди на последните мечеви за Абердин, додека Дарко е сѐ уште сместен на клиника во Белград и има здравствени проблеми. Јас се надевам дека брзо ќе излезе од болница. Најлошото е зад него, имал внатрешно труење, но ни лекарите не знаат сѐ уште од што е – дали од расипан заб или од анестезија. Дарко имаше сепса, но знаејќи каков борец е и каков карактер е јас сум убеден дека ова ќе го надмине и брзо ќе излезе од болница“, рече Милевски.