Епл го отфрла обвинувањето на руското ФСБ дека соработува со разузнавањето на САД

Технолошката компанија „Епл“ ги отфрла тврдењата на руската Федералната служба за безбедност (ФСБ) дека соработува со американското разузнавање и ги следи руските корисници на Ајфон, јави синоќа компанијата. 

-Ние никогаш не сме соработувале и нема да соработуваме со кои и да било власти за вметнување бекдор (ранливост што дозволува добивање несанкциониран пристап до апаратот) на каков и да било производ на Епл, се вели во изјавата на компанијата. 

ФСБ вчера излезе со тврдење дека „Епл“ тесно соработува со разузнавањето на САД, вклучително и со Агенцијата за национана безбедност (НСА), и дека во Ајфонот била откриена „аномалија“ која органот ја поврзува со „разузнавачки акции на американските специјални служби“ за да ги шпионира Русите. 

Треба да знаете
Последни објави