Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ апелираше да не се објавуваат слики и видеа од децата кои загинаа во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.
-Ги замолувам сите да не ги споделуваат видеата и фотографиите од убиените деца од Рибникар што денеска (без да ги замаглат!) ги објавија одредени „новинари“ Билјана Лукиќ и политичарите Рада Трајковиќ. Ве молам, немојте, рече премиерката Брнабиќ и додаде:
-Ова е, исто така, кршење на повеќе закони во однос на неовластено споделување на лични и чувствителни информации, заштита на правото на приватност (особено во овој тежок момент за семејствата), како и други права на семејствата. Исто така е нехумано. Постои причината зошто тие фотографии се заматени.