Марко Асенсио со емотивно видео се збогува од Реал Мадрид

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Марко Асенсио официјално потврди дека го напушта Реал Мадрид. По седум години поминати на „Сантијаго Бернабеу“, тој си заминува како слободен играч.

Асенсио со емотивно видео се збогува и се заблагодари за сите убави моменти во клубот.

Шпанецот дојде во Реал Мадрид на свои 20 години, а освои дури 17 трофеи.

Најавите велат дека тој ќе се пресели во Пари Сен Жермен како слободен играч.

Треба да знаете
Последни објави