Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби уникатен подарок од Наполи во чест на освојување на шампионската титула. Тој и соиграчите го добија „Златното стапало на Марадона“, признание кое вечно ќе ги потсетува за фантастичната сезона во која го вратија „скудетото“ во Неапол по цели 33 години.
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2023/06/image-3-1024x938.png)
Елиф Елмас имаше голема улога во шампионскиот тим, иако најчесто беше „џокер“ на Лучијано Спалети кој може да игра на речиси секоја позиција на теренот. Тој постигна шест гола и имаше три асистенции во Серија А изминатата сезона.
„Наполитанците“ шампионскиот пехар ќе го добијат утре на последниот натпревар од сезоната против Сампдорија.