Возачот на Ферари, Шарл Леклер, денешната трка за Големата награда на Шпанија ја започнa од боксот.
Ферари одлучи да го замени задниот дел на болидот и со тоа автоматски да стартува од боксот.
– Ја искористивме можноста да го смениме менувачот. Всушност целиот заден дел на болидот, за да се увериме дека нема никакви проблеми, изјави за „The Atheltic“ тимскиот инженер за трки Џок Клиа.
Леклер заврши на 19-то место во квалификациите, пропуштајќи го вториот квалификациски сегмент за прв пат од 2019 година. Тој се пожали на проблеми за време на сесијата.
Главната трка во Формула 1 шампионатот за Големата награда на Шпанија почнa денесka во 15 часот на патеката „Каталуња“ во Барселона.