СДСМ: Интеграција во ЕУ или изолација, нема друга опција

Пред државата и пред сите граѓани е исправена историска шанса да се продолжи по европскиот пат, да оствариме уште еден стратешки национален интерес.

Силната поддршка од ЕУ и од САД треба да ја искористиме. 

Преговорите со ЕУ течат, скрининг процесот се спроведува на македонски јазик успешно и наскоро ќе заврши.

Во македонското Собрание потребен е глас за Европа за да можеме да продолжиме напред кон полноправно членство во ЕУ. Сега зависи од сите нас.

Изборот пред секоја партија, пред секој пратеник е интеграција во ЕУ или изолација. Нема друга опција.

Интеграцијата во ЕУ носи подобар животен стандард, сигурна иднина, засилен економски раст и развој на секое поле, изолацијата значи враќање назад во темното минато на поделби и неизвесност. 

Треба да знаете
Последни објави